Продолжува дигитализацијата на аудио-визуелното наследство

Во 2014 година Кинотеката на Mакедонија, со поддршка на Министерството за култура, ќе работи на дигитализација и дигитална реставрација на играните филмски остварувања на значајни режисерски имиња од домашната кинематографија.

filmski_proektor

Со годинашната програма ќе биде опфатен филмскиот опус на режисерот Љубиша Георгиевски, по што ќе следува објавување на ДВД-издание на дигитално реставрираните филмови по повод јубилеите 55 години творештво и 77 години раѓање, како и дигитализација на филмските остварувања на режисерот Милчо Манчевски.

Исто така, Кинотеката на Македонија во континуитет го реализира повеќегодишниот проект за евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во XX век, а за годинава се планира снимање на интервјуа во Европа (Полска, Чешка, Унгарија и Балкан).

За првпат во Република Македонија, во периодот од 4 до 10 мај годинава ќе се одржи 70. Конгрес на ФИАФ – Меѓународна организација на филмски архиви, на кој ќе присуствуваат околу 200 делегати од кинотеки од целиот свет. Во рамките на Конгресот, ќе се организира и дводневен симпозиум по повод 100-годишнината од Првата светска војна.

You May Also Like