Продолжуваат предзабавите на „Етика фест“

По успешниот почеток, промотивните забави за Етика фестивалот продолжуваат и овој викенд на уште десетина нови локации низ Македонија.

Etika Festival Fuull

Вечерва (четврток, 18 јули)диџеј Гоце настапува во Пиано во Битола а утре заедно со диџеите Чваре и Страјк и раперот ЛД Пистолеро се во летниот клуб Сектор 909.
Во петок Флудер и Андреј Мицајков се во Гравити во Кичево, диџеј Чваре во Дел Тасо во Битола а диџеј Гоце во Кадмо во Охрид.
Во сабота Флудер и Андреј Мицајков продолжуваат во Републик во Тетово, диџеј Гоце е во Маф Маф во Струмица, Чваре во Битола на Базените а Александар Мискоски и Мачки на дневна забава на третата плажа во Градиште – Џангл.

Етика фестивалот ќе се одржи на 3ти Август на плажата Парк во Охрид на кој ќе настапат 20тина македонски артисти кои ќе покажат дека покажат дека знаат да направат добра забава како и прескапите меинстрим диџеи кои се појавуваат секое лето на истата бина во Охрид.

etika_2013_artists

You May Also Like