Програма за одбележување на 50-годишнината од Скопскиот земјотрес

Град Скопје, денес (26 јули, петок), ќе одбележи 50 години од катастрофалниот земјотрес што 1963-та се случи во Скопје.

skopje_se_sekava_logo

26.07.2013 г. 10 часот, Градски гробишта Бутел,
Полагање цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот во 1963,
Цвекиња ќе положат и сите делегации на странски земји кои се присутни во Скопје по повод одбелжувањето на 50 години од земјотресот

26.07.2013 г. 10-17 часот, ДХО Даре Џамбаз-Центар за дарување крв
Црвен Крст на Град Скопје-Крводарителска акција

26.07.2013 г. 12:45 часот, Сала Милениум I , Хотел „Холидеј ин“
Средба на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски со претставниците на странските делегации. На средбата ќе бидат присутни и претставниците на Германскиот црвен крст кои биле во Скопје после земјотресот и директно учествувале во расчистувањето на урнатините ( изјави за медиумите во 13.30 )

26.07. 2013 г. 20 часот, Музеј на град Скопје,
– Доделувања на благодарници на меѓународна заедница
– Изложбa „СКОПЈЕ, 26 ЈУЛИ 1963“
20:30 часот, Поворката ќе се упати од Музејот на град Скопје, преку улицата Македонија, до Плоштадот Македонија

26.07.2013 г. 21:30 часот, Плоштад Македонија, Централен настан – Мулитимедијален проект „Скопје се сеќава“ .

You May Also Like