Во издание на „Или-или“, деновиве од печат излезе книгата „Прогонетите“ од турската авторка Чилер Илхан, со поднаслов „Раскази со вкус на роман“, а во превод на Ѓулнихал Исмаил.
Се работи за јубилејниот, 80. наслов во популарната едиција „Проаза“ на „Или-или“, поддржана од Европската програма за култура 2007-2013, фондацијата ТЕДА и Министерството за култура.
Писателката Чилер Илхан е родена во 1972 година во Истанбул. Дипломирала на отсекот за меѓународни односи и политички науки на Босфордскиот универзитет во родниот град. Добитничка е на Младинската награда „Јашар Наби“ за најдобар расказ во 1993 година. Дебитантската книга „Собата на трговците со сништа“ е збирка раскази која во себе носи траги од реализмот, а потоа, во сличен манир, следуваат и книгите „Зобар и Баша“, „Средба на Моцарт со степскиот волк“, „Големиот градски ловец“… За оваа прекрасна збирка раскази, Илхан во 2011 година ја доби Книжевната награда на ЕУ, која им се доделува на најдобрите нови писатели.