Прилепски џез фестивал по втор пат

Прилепските љубители на џезот од вечерва ќе можат да уживаат во вториот по ред „Прилеп Џез викенд“, кој ќе се одржи на 29, 30 и 31 август.

prilep_jazz_fest

Иницијативата за прилепски џез фестивал како манифестација е со цел за збогатување на музичкиот живот во градот, а нејзиното прво издание беше минатата година.

Џез викенд е во организација на Општина Прилеп, и е дел од циклусот насловен како „Сезонски фестивал“ во рамките на кој се планирани викенди на џез, рок, алтернативна и сериозна музика кои ќе се одржуваат во различни годишни времиња давајќи го својот придонес кон развојот на фестивалскиот културен туризам.

Место на настанот е летната сцена на Центарот за култура “Марко Цепенков”, програмата е следна:

Четврток, 29 август: Кабадајас и Тао Трио
Петок, 30 август: Гоце Стефковски Септет и Фиш ин Оил од Србија
Сабота, 31 август: Сетстет и Ејот

“Off” програмата ќе се случува во џез клубот „Тејк Фајв“ со настап на ДЈ Ален Хаџи Стефанов.

извор: 10bez10.com

You May Also Like