Во исполнување на своите цели за Македонија да стане успешна дизајн дестинација, Јавна Соба е во завршна фаза на последната работилница под проектот “Шаблони”, за дизајн на уникатен македонски мебел.
Работилниците под проектот “Шаблони” се во партнерство со Министерство за култура на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија. По тој повод, Јавна Соба, како еден од организаторите на Skopje Design Week и реализатор на проектот ШАБЛОНИ, денес 11.07.2013 (четврток) во 11.00 часот во просториите на Фејдом (ул.1550 бр.52, Индустриска зона Визбегово) организира средба со новинари на тема: ПРОЦЕС НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВО НА УНИКАТЕН МАКЕДОНСКИ МЕБЕЛ.
На средбата ќе се обратат: Министерката за култура на РМ, Елизабета Канческа – Милевска, како и Амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, H.E Marriët Schuurman како партнери на проектот “Шаблони”.