Денеска (четврток, 5 септември) во 17:00 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде претставено познатото романско литературно списание “Кармина Балканика”.
На средбата, што ја иницира проектот “Поетики” од Канцеларијата на потпретседателот на Меѓународниот ПЕН, за списанието ќе зборуваат професор Михаела Албу, главен уредник и оснивач, и уредниците Дан Ангелеску и Камелиа Забава. Тема на расправата ќе бидат целите, стратегиите и можностите за објавување на периодични публикации, како и потребата од соработка на писателите од регионот и размена на тематски броеви на литературните списанија од различните културни средини.