Утре (сабота, 10 август) во 11:00 часот во Куќата на Уранија во Охрид, ќе биде претставена научната дејност на академик Милан Ѓурчинов.
За работата на Ѓурчинов ќе зборува професор д-р Елизбета Шелева. Настанот е дел од серијата презентации што МАНУ ги организира во Охрид во периодот од 24 јули до 7 септември.