Вечер (петок, 20 јули) во 20:00 часот во Народниот театар во Битола, во рамките на Бит Фест ќе биде изведена претставата „Лет во место“ според Горан Стефановски, во режија на Ненад Витанов.
Во претставата „Лет во место“, работена според една од најпознатите драми на Стефановски, а во режисерско читање на Ненад Витанов играат: Борче Ѓаковски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Валентина Грамосли, Петар Мирчевски, Кристина Николова, Иван Јерчиќ, Васко Мавровски, Филип Мирчевски, Мартин Мирчевски и други.
Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографија на Благој Мицевски, музика Миодраг Неќак, светло Димче Спасевски.
Претставата премиерно беше изведена во март оваа година.