(дополнување) Театарската претстава „Ни ваму, ни таму“ на Бојан Трифуновски, Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа закажана во Центарот за култура, за сабота 17-ти август 2013 се одложува.
Претставата „Ни ваму-ни таму“ в сабота (17 август) од 21:00 часот, повторно ќе се најде на репертоарот на Центарот за култура “Григор Прличев”во Охрид.
Театарската претстава на режисерот Бојан Трифуновски, со актерите Симеон Дамевски и Љупчо Тодоровски-Упа е современа приказна за една вечна македонска тема – македонското печалбарство.