Во Битола од 5 до 8 август се одржа третото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Гран – прито на Фестивалот го понесе чилеанската претстава „Валкано крило“.
На „Битолино“ беа прикажани осум претстави во официјална конкуренција, во изведба на девет театри од исто толку земји од светот. Претставите се играа на трите сцени во Центарот за култура, на кои поминаа дури 87 гости.
Претставите беа наменети за деца над тригодишна и над шестгодишна возраст. Во текот на трите дена на големата сцена во Центарот за култура во Битола, на малата сцена и т.н. Нова сцена, имаше над 1.100 гледачи.
„Битолино“ се одржа во рамките на Бит фест 2013.
извор: Утрински весник