Премиера на „Трето полувреме“ и во Охрид

По светската премиера на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, по скопската премиера минатата недела, филмот на Дарко Митревски „Трето полувреме“ премиерно ќе биде прикажан и пред охридската публика в четврток (4 октомври, 2012 година) во Центарот за култура.

Филмот што предизвика огромни реакции низ земјата и регионот уште пред самото негово завршување, како и огромен интерес по прикажувањето, на репертоарот во Охрид ќе се прикажува до 7-ми октомври со проекции од 19:00 часот и 21:30 часот, а од 8 до 14 октомври со проекции во 21:00 часот.

You May Also Like