Премиера на „Чувството на брадата“ во Театар Комедија

Премиерата на претставата “Чувството на брадата“ од Ксенија Драгунска во режија на Борис Лијешевиќ ќе се одржи на 26 септември во 20:00 часот во Театар Комедија. Оваа премиера е последната на Театар Комедија од гоидшната програма финансирана од Министерството за култура.

custvoto_na_bradata_teatar_komedija

 

Директорката Јелена Жугиќ изјави дека после првите две премиери на Театар Комедија за 2014 година кои се дел од класиците на светскиот театар, Оскар Вајлд и Вилијам Шекспир, последна премиера е дел од современите текови на светската драматургија. Ксенија Драгунска за прв пат се поставува во Македонија, и за прв пат режисерот Борис Лијешевиќ работи на македонските театарски сцени. Многу сум среќна што Театар Кокмедија повторно е пионир во своето дејствување со носењето на овие две нови имиња за македонскиот театар.

Авторката Ксенија Драгунска изјави дека Македонија и Русија се две православни, братски земји и дека многу и е драго што нејзиниот текст е еден од ретките современи руски текстови во Македонија, и сигурна е дека нејзините колеги во Русија ќе и завидуваат. Интересен факт е дека првата поставка на нејзината пиеса Чувството на брадата веќе 14 години се игра на сцените во Москва. Нејзиниот текст зборува за мистичните предели на селските средини во централна Русија.

Режисерот Борис Лијешевиќ рече дека многу му е драго што Театар Комедија и Јелена Жугиќ го повикаа да работи во еден ваков нов театр и нов ансамбл. Знам колку е тешко да се оформи еден нов ансмбл, да му се вдахне дух, и дека многу време треба за како што рече Стив Џобс, коцкичките да се поклопат, и е многу среќен што има можност барем малку да придонесе за историјата на театарот. Сметам дека е добро кога доаѓаат гости режисери затоа што тие зборуваат на странски театарски јазик и голем е предизивикот ансамблот и режисерот гостин да најдат заеднички театарски јазик. Многу сум среќен што соработував со овие млади луѓе и што научив многу работи од нив и тие од мене.

Во другата половина на минатиот век позитивно се мислело за исушувањето на мочуриштата и за пренамена на тоа земјиште за покорисни цели. Набрзо после тоа се покажуваат последици – промена на микроклимата, неможност на истечување на водата, чести поплави и неповратно пропаѓање на најавтентичните птици и инсекти кои живеат во мочуриштата.

Светот на Ксенија Драгунска во текстот “Чувството на брадата“ потсетува на мочуриштето кое многу луѓе би сакале да го исушат и асфалтираат и на тоа место да подигнат бетонски објекти, без да се запрашаат – што со тоа се губи? Главната хероина не носи во еден чуден, опасен, непредвидлив, ама во исто време поетичен, духовит, неодолив, автентичен и неповторлив свет. Свет кој крие чудовиште, но и бисери.

custvoto_na_bradata_teatar_komedija2

You May Also Like