Премиера на „Четврток“ од Манчевски на отварањето на Венеција

Краткометражниот филм „Четврток“ од Милчо Манчевски ќе ја доживее светската премиера на отварањето на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција на 28-ми август.

Thursday_Stills Manchevski (1)
Овогодишното, јубилејно, 70-то издание на Филмскиот Фестивал во Венеција се отвара со двојна проекција: по проекцијата на филмот „Gravity“ на Алфонсо Куарон ќе биде прикажан специјалниот проект „Future Reloaded“ во рамките на кој е вклопен и „Четврток“ на Манчевски.
„Четврток“ по премиерата ќе може да се види на вебсајтот на Манчевски и на официјалниот вебсајт на фестивалот од следниот ден. Сценариото е на Манчевски, продуцент е Арон Левин, а во главната улога настапува младата глумица Лора Ласи.  Директор на фотографијата е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката е Игор Василев Новоградска. Филмот е снимен во Њујорк и претставува американска продукција.
Thursday_Stills Manchevski (2)
„Future Reloaded“  е специјален проект посветен на јубилејот на фестивалот.  На тема „Иднината на кинематографијата“ Директорот на Фестивалот Алберто Барбера упати ексклузивна покана до режисери кои оставиле трага на фестивалот и на светската кинематографија, но и до неколку млади автори од идните генерации.  Покрај Манчевски, со свои филмови се претставуваат и Бернардо Бертолучи, Ким Ки-Дук, Пол Шредер, Абас Киаростами, Валтер Салјес, Монте Хелман, Катрин Бреја, Клер Дени, Атом Егојан, Џејмс Франко, Ермано Олми, Амос Гитај, Жан-Мари Штрауб, Тод Солонц, и други.
Манчевски го освои Златниот лав за најдобар филм во Венеција во 1994 за „Пред дождот“, кога освои уште девет други награди, а неговиот филм „Прашина“ го отвори Фестивалот во 2001. На Фестiвалот подоцна беше воведена и наградата „Кругот не е тркалезен nасловена така според мотото на филмот „Пред дождот“.

You May Also Like