Вечер (петок, 19 јули), во Кинотека на Македонија во 20:00 часот, премиерно ќе биде прикажан долгометражниот игран филм „Не ги сакам Велвет Андерграунд“ во режија на Кирчо Арсовски.
Тоа е комедија за пропаста на една осамена индивидуа во свет во кој, според неа, опстанокот и успехот не се можни без славење и принесување на жртви на култот на теророр и љубовта.
Сценариото и режијата се на Кирчо Арсовски.
Главните улоги ги толкуваат Кирчо Арсовски и Мона Ди Кото.
Камерата и монтажата се на Оливер Митевски.
Пред прикажувањето ќе има мини-концерт на групата „Цвеќето на чичко Волф“ кои се автори на музиката во филмот.