Презентација на „Југот како место …“ во Концепт 37

Презентацијата „Југот како место од каде се гледа (а може и да се курира)“ на кураторот и уметник Марко Стаменковиќ, ќе се одржи денеска (9 септември, понеделник) со почеток во 20:00 часот, во просторот “Концепт 37“ во Скопје.

2. Bozidar Jurjevic, Rose of the winds

„Југот како место од каде се гледа (а може и да се курира)“ е замислен како долгорочен проект, кој официјално започнува со ова предавање и работилница во Скопје, а се заснова на теоретско и практично преиспитување на кураторската и уметничка пракса согледани од местото наречено „Југ“.
Што значи да се погледне светот од местото наречено „Југ“, зошто е неопходно да се размислува и промислува нашата практика во светот на современата визуелна уметност токму од оваа позиција, и како функционира во контекст на глобализацијата, каде идеите за таканаречениот глобален анти-имеријален Југ егзистираат во однос на тие од глобалниот империјален Север? Ова се едни од водечките прашања околу кои ќе се води предавањето и кураторската работилница во оваа еднодневна програма.

Презентацијата е дел од Интернационалниот симпозиум „Кураторски размени“, каде како ко-организатор се јавува и македонскиот проектен простор „Прес ту егзит“.

You May Also Like