Презентација на „Оспорувани истории“ во Концепт 37

Проектот „Оспорувани истории“ на српската уметница Вахида Рамујкиќ ќе биде презентиран денеска (петок, 6 септември) со почеток во 19:00 часот во просторот  „Концепт 37“.

1_Disputed Histories-Vahida Ramujkic

„Оспорувани истории“ се однесува на учебници по историја за основно образование (преку 200 примероци во моментов) кои биле користени во различни периоди на територијата на поранешна Југославија. Причината заради која се отпочнало со создавањето на оваа збирка е таа да биде достапна на јавноста и да инспирира серија на работилници, дискусии и нови проекти. Досега проектот бил претставен на различни места меѓу кои Младинскиот центар „Црна Куќа“ (Нови Сад), Биеналето Спа-порт (Бања Лука), Книжарницата на Центарот за културна деконтаминација (Белград), NGBK галерија (Берлин), 52. Октомвриски салон (Белград) итн.

Презентацијата ја организира проектниот простор прес ту егзит, како дел од Интернационалниот кураторски симпозиум „Кураторски размени“.

You May Also Like