Презентација на Музичката Одисеја Битола 2013

Денеска (19 август, понеделник) во 21:00 часот во Народниот театар во Битола ќе биде промовиран проектот „Музичка Одисеја Битола 2013“.

Retro clocks on the wall

„Музичка Одисеја Битола 2013“ – претставува 50 минутно музичко – визуелно патување низ временскиот простор, поаѓајќи од античко време (Хераклеа), па се до денешна модерна Битола.

Делото се состои од 27 аудио – визуелни слики кои ја презентираат нашата историја, од една посебна перспектива – поглед од вселенска безвременска станица, која слободно кружи околу нашата планета, но секогаш во својот фокус ја има земјината точка за лоцирање – Битола. Покрај снимениот видео и аудио материјал, приказната ќе биде надополнета со мешан камерен хор во живо.

Останати содржини на Бит фест:

21:00 КЦ Магаза

Филмски денови „See a Paris”

АС ПИК – „Лоша судбина“ – Црна Гора, филм на Драшко Ѓуровиќ
Деведесетите. Двајца браќа, Бели и Кента сакаат да избегаат во Италија. Кента ја сретнува Сања, Бели е баран од неговите пријатели од минатото. Може ли да се избега од деведесетите години?


21:00 Завод и Музеј – Пацио
Рок концерт „Некогаш и сега“

 

 

You May Also Like