Предавање „Балканот како патека за најраното раселување на Homo sapiens кон Европа“

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, со предавање „Балканот како патека за најраното раселување на Homo sapiens кон Европа“, од проф. Д-р Николај Спасов, на ден 06.07.2013 година (сабота), во Природонаучен музеј – Скопје, со почеток во 11:00 часот.

фото: skopeid.com
фото: skopeid.com

Тема: „Балканот како патека за најраното раселување на Homo sapiens кон Европа“

Повод за настанот  се истражувањата на проф. д-р. Николај Спасов укажуваат дека низ Балканскиот полуостров поминале првите миграции на луѓето во Европа.

За палеонтолошките откритија говорат и многуте наоди, како и пронајдени заби на хоминид, кој од страна на науката е веќе признат како последниот хоминид кој живеел во Европа. Во текот на својата работа проф. д-р. Спасов открива траги од миграцијата на животинските видови од исток кон територијата на Балканот, кои се случиле во периодот пред околу 2 милиони години. Тие миграции му дават основа за хипотезата дека првото навлегување на човечкиот род во Европа веројатно се одвивало пред околу 1.9-1.5 милиони години – значително порано од досегашните тврдења, дека првите луѓе почнале да ја населуваат Европа пред околу 1 милион години.

Повеќе за времето и патиштата на раселувањето на првите луѓе, како и за природната околина (животна средина) од тоа време, проф. Спасов ќе раскаже за време на предавањето.

Николај Спасов е бугарски палеонтолог и директор на Националниот Природонаучeн музеј во Бугарија, со седиште во Софија. Неговиот научен интерес е насочен кон зоологијата како и екологијата и распространувањето на ‘рбетниците во минатото. Тој е учесник на голем број археолошки ископувања во Бугарија и Европа, автор е на повеќе книги, монографии и над 170 научни публикации од областа на таксономијата, морфологијата и еволуцијата на родот Macromamalia.

You May Also Like