Францускиот институт од Скопје, во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија го организираат предавањето на познатиот француски архитект Марк Барани. Настанот е закажан за 21 јуни во 19:00 часот во Музејот на град Скопје.
Конференцијата опфаќа претставување на проектитие на Барани. Настанот е дел од одбележувањето на 50 годишнината од Скопскиот земјотрес.