Предавање за Романија на Универзитетот Евро-Балкан

Во рамките на Академските летни разговори 2013, во Универзитетот Евро-Балкан и Македонскиот Центар на ИТИ (конференциска сала), денеска (среда, 04 септември) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи предавањето „Романија – помеѓу надворешната и внатрешната перцепција“.

kniga book

-Дали Романците се навистина религиозни? Тие секогаш се крстат, кога ќе поминат покрај било која црква … Тоа секој го прави – луѓето во трамваите, таксистите, пешачите … Романците јадат многу свинско месо, нели? … Тие сакаат топлина. Во зима, секаде е претопло каде и да се влезе – во канцелариите, домовите, продавниците … неподносливо е!

Овие и слични прашања ќе бидат дискутирани во интерактивната презентација на Милица Петрушевска (Македонија) и Андреја Брату (Романија). Милица работи како лектор по македонски јазик во Романија.
Таа ќе ги сподели своите променливи перцепции за романското општество: почнувајќи од сопствените ограничени предрасуди, па се до покомплексни и подлабоки погледи на романското општество, по три години живеење и работа во Романија. Андреа е Романка, работи на Универзитетот во Крајова, предава Англиски јазик, и ги истражува ритуалите на раѓање и погребување во Романската култура и нивниот историски контекст. Андреа ќе зборува за истото, но од перспектива на родена Романка. Презентацијатаќе биде посветена на сличностите и судирот на различните
култури.

Кратки биографии

Милица Петрушевска дипломира на Македонски јазик со Руски јазик и литература на УКИМ, Скопје, Македонија. Нејзината магистерска теза е од областа на Македонските студии и Лингвистика, а во рамките на универзитетите и нивниот политички јазик и планирање во Македонија, и пошироко во Европскиот контекст, со фокус на специфични јазични правила, идеологии и билингвална едукација. Од 2010, предава македонски јазик како странски јазик во Романија, најпрвин на
Универзитетот во Крајова, а сега на Универзитетот во Букурешт.

Андреа Брату е асистент предавач на Универзитетот во Крајова,Романија, и предава Социолингвистика, Фонетика и Англиски јазик. Таа магистрира на Културен менаџмент и културни политики на Балканот, на Универзитетот за Уметности во Белград, Србија и на Универзитетот Лимиер во Лион, Франција. Нејзиниот истражувачки фокус се културните и лигвистичките идентитети во Европа. Андреа ја подготвува својата докторска теза: Филозофија на “НЕ“: Табуа и забрани како средства за регулирање на човековото опстојување.

You May Also Like