Предавање за Европската унија и европскиот театар

Денеска (четврток, 05 септември, 2013) со почеток во 20:00 во конференциската сала на Универзитетот „Евро-Балкан“, ќе биде одржано предавањето „Европската Унија како куратор на Европскиот театарски свет“ на Лонеке ван Хогтен од Универзитетот во Амстердам.

teatarski maski - teatar

Во Европа, концептот за култура е искористен и злоупотребен. Од една страна, културата е извор за дебати и (измислен) конфликт, тесно поврзан со етничноста, имиграцијата и интеграцијата. Од друга страна,
на зајакнувањето на културата се гледа како на решение за недостатокот од комуникација. Програмата за култура на Европската унија, нпр. ја охрабрува културата со цел да ги зајакне споделувањето на културното
наследство и културните вредности. Како таква, ги субвенционира уметничките форми како што е театарот, со цел да се поттикнат соработки преку границите. Кои се стапиците и можностите на ваквите транснационални соработки во театарот? Како истите се справуваат со предметот на мултикултурализам и транскултура?

Лонеке ван Хогтен доаѓа од Холандија, таа ќе ги елаборира овие прашања поаѓајќи од сопствениот контекст и од перспективата на нејзиното актуелно докторско истражување: “Курирање на “Европските култури“.
Европската Унија како куратор на Европскиот театарски свет“, при тоа отворајќи ги за дискусија.

Кратка биографија

Лонеке ван Хогтен е докторанд на Амстердамската школа за културни анализи (ASCA). Нејзиното актуелно истражување се фокусира на ЕУ како “куратор“ во светот на европскиот театар. По завршувањето на
магистерските студии по култура и уметност на Универзитетот во Мастрихт во 2006, таа работеше во театри и културни организации како продуцент, менаџер за маркетинг и драматург. Во 2011 таа ги заврши вторите магистерски студии по Меѓународно истражување на изведбените уметности на Универзитетот во Амстердам, и во соработка со Универзитетот од Ворвик. Нејзината магистерска теза, насловена како “Театарот како предговор за однесувањето на мултикултуралното општество во Холандија“, ја доби наградата за најдобра теза од Театарскиот Институт во Холандија; тезата ја објави како книга преку издавачот Тектум Верлаг во 2013. Во септември 2013, Лонеке соработува со Универзитетот Евро-Балкан од Скопје, во рамките на кратка
истражувачка мисија финансиски поддржана од COST/Action IS1203 “In Search of Transcultural Memory of Europe” (ISTME) / “Во потрага по изгубеното транскултурно сеќавање на Европа“.

You May Also Like