Во рамките на Академските Летни Разговори, 2013 во организација на Универзитетот Евро-Балкан и Македонскиот Центар на ИТИ (конференциска сала), в петок (20 септември, 2013) со почеток во 20:00 часот, ќе се одржат предавањата на Нил Флекман со наслов „Бродвејски снепшот“, и „Од Караѓоз до Мустафа Кемал и понатаму“ на Дениз Болдаз.
Поднасловот на предавањето на Флекман е „Инсајдерски поглед на Њујоршкиот театар – неговите недостатоци и предности – неговите плусеви и мамки“.
Нил Флекман е актер, режисер и театарски продуцент од Чикаго, САД. Студиите ги заврши на Уметничката школа на Универзитетот Колумбија, и своето театарско деби го изведе во претставата Розенкратц и Гилдерстајн се мртви на Том Стопард. Неговите њујоршки продукции ја вклучуваат и соработката со Пол Тејлор Денс Компани, и Рудолф Нурејев во главната улога. Тој презентираше и промовираше Бродвејски продукции ширум Америка. Флекман ги режираше драмските текстови на Шекспир,Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Џон Стајнбек, Џо Ортон, Кен Лудвиг и Алфред Хичког , при тоа неговите продукции гостуваа низ САД, Турција, Русија, Украина, Молдавија, Тунис, Виетнам, Србија и Канада.
Предавањето на Дениз Болдаз е со поднаслов „Перспектива на Турскиот театар од Отоманскиот период – преку новата република на Атататурк – до денешната“.
Болдаз дипломирал на Драмската школа Санат Еви во Истанбул, каде што студирал во класата на Аила Алган и Беклан Аглан, едни од најзначајните драматурзи во Турција. Како актер Дениз настапувал во главните улоги на претставите поставени во повеќето театри во Истанбул, како: “Чекајќи го Годо“ (Семуел Бекет), “Розенкратц и Гилдерстерн се мртви“ (Том Стопард), “Изгори го ова“ (Ленфорд Вилсон), “Грабеж“ (Џо Ортон), “Екстремитети“ (Вилијам Мастросимон), “Приказна за Зоолошката градина“ (Едвард Олби), “Клетвата на изгладнетата класа“ (Сем Шепард), “Странци во возот“ (Алфред Хичког). Дениз Болдаз и Нил Флекман заедно го формираа Истанбулскиот театар Кирмизи.