Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 10 и 11 септември 2013 година во Скопје и во Охрид ќе биде домаќин на Претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски, кој заедно со својата сопруга ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.
На 10 септември (вторник) од 15: 30 до 16:00 часот, канцелариите на Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден” ќе го посетат Г-ѓа Маја Иванова сопруга на Претседателот на Република Македонија и Г-ѓа Ана Коморовска сопруга на Претседателот на Република Полска, и двете истакнати хуманистки особено во кампањите за борба против ракот на дојка.
Посетатa на Здружението Борка е дел од дамската програма во рамките на оваа официјалнапосета.
Целта на оваа посета е презентација на работата на Здружението Боркаи неговите понатамошни активности.