Емилијано Горица од денес ќе може да си го вози својот автомобил Голф 7, премијата освоена во нашата најнова игра на среќа 7ма Брзина.
Денес точно напладне, пред новиот театар во центарот на Скопје, маркетинг директорката на Државна лотарија на Македонија, Камелија Левенска Николовска му ги додели клучевите на нашиот најнов среќен добитник.
Само за посетување, Емилијано Горица купил грепки од нашиот мобилен продавач Мустафа Џеладин во износ од 1000 денари. Но, ниедна од нив не била добитна. Тоа не го спречило да сопре со игрите на среќа динамичниот продуцент во телевизија Алсат, кој дури и позајмил 20 денари од својот цимер и продолжил да игра. Ова пак му ја донело среќната грепка од рацете на Мустафа, 7ма Брзина чија стрелка го посочи првиот Голф 7, како токму негова премија.
Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчитена игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Еден е веќе освоен, во игра се уште 9. Во текот на месец август го добивме и првиот среќен добитник на паричната премија од 100.000 денари, што значи во игра се уште девет такви премии кои чекаат на среќните играчи. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80… 50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.
ЗА ДОБРО!
Државна лотарија на Македонија
(комерцијален текст)