Прва проба на претставата “Вечна куќа” во новиот Театар

Денеска (вторник, 2 јули) во новиот објект на Македонскиот народен театар се одржа првата проба на претставата “Вечна куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, а во режија на Дејан Пројковски.

Вечната куќа е пишувана последниве 12 години, од мигот на откривање на првите документи во лисабонските архиви за една куќа покрај Вардар изградена во 1492 година во таа клучна година на светската историја”,објасни авторот на текстот Јордан Плевнеш на денешната прес-конференција во старо/новиот објект на Театарот.

Режисерот Пројковски најави дека музиката ќе биде на Горан Трајковски, сценографија на Валентин Светозарев, а костимите се дело на Благој Мицевски.

Сите заедно од денес почнуваме една одисеја на новата сцена на Македонскиот народен театар,наша нова фабрика за создавање соништа”, вели Пројковски.

Тони Михајловски додаде дека ова е нешто кое што го сонувал изминатите 24 години,можност да почне нова претстава во нова зграда.

“Да се извадиме од мочуриштето да тргнеме по чист пат,да покажеме каков театар имаме.Оваа куќа ќе биде прекрасна за живеење. Текстот на Плевнеш ќе не понесе да влеземе во една куќа во која целото семејство треба да се смее, плаче, расправа, да живее заедно”, рече Михајловски.

Претставата премиерно во септември ќе го отвори Театарот.

You May Also Like