Прва меѓународна конференција „Културна меморија“

Првата меѓународна годишна конференција „Културна меморија“ почна денеска (четврток, 5 септември) во организација на Центарот за култура и културолошки студии…

kulturna_memorija

Целта на конференцијата е да ги промовира Македонија и Скопје како место кое може да организира настани од европско ниво. Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ на отворањето на конференцијата рече дека секоја нација има историски настани што ги смета за фундаментални и ги слави.

Недељковиќ посочи дека секоја нација, од различни причини, има настани кои се изоставаат од колективната меморија и токму поради тоа се извор на потенцијални кризи.

Учеството на повеќе од 350 истражувачи од 48 земји од речиси целиот свет е добра основа за да се поведе дијалог, да се продлабочат сознанијата и да се донесат заклучоци со кои на светот ќе се гледа како на мозаик составен од различни, но вредни елементи кои го чинат светското културно наследство – истакна Недељковиќ.

Претседателката на Центарот за култура и културолошки студии, Лорета Георгиевска-Јаковлева, рече дека културната меморија го воспоставува континуитетот, овозможува луѓето од една заедница да се идентификуваат со заеднички својства. На конференцијата, која ќе трае до 7 септември, ќе се дискутира за поврзаноста на културната меморија со идентитетот, политиките, местото, просторот, уметноста и медиумите. Оф-програмата предвидува посета на Старата скопска чаршија, на манастирите во околината на Скопје и на Охрид, со професионални водичи кои ќе им ја раскажуваат македонската приказна на гостите.

You May Also Like