Прв академски час на УИНТ во Охрид

Денеска (16 септември,понеделник) во просторите на УИНТ „Св. Апотол Павле“се одржа првиот академски час за учебната 2013/2014 година. Настанот го отвори Ректорот проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака добар старт на новите студенти.

prv_akademski_cas_uint

 

„Најважната цел на секој Универзитет е да креира ентузијазам кај студентите. УИНТ „Св. Апостол Павле“ како единствена високо образовна институција во Македонија со комплетни програми на англиски јазик, има за цел да биде лидер во новите академски трендови. Драги студенти, наредните неколку години за вас ќе претставуваат едно возбудливо патување, низ кое вашата љубопитност ќе ве доведе не само до нови знаења, туку и ќе ја поттикне вашата креативност. Вие сте извор на нашиот оптимизам и новата енергија на УИНТ“ истакна во својот говор Ректорот Марина.

На академската свеченост на УИНТ присуствуваше и градоначлникот на општина Охрид д-р Никола Бакрачески, кој им се обрати на студентите, како и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Александар Николовски. Тој упати честитки за идните студенти во новата академска година и ја изрази својата лична поддршка, како и поддршката од Собранието и Владата на Република Македонија при понатамошната реализација на успешната приказна на Универзитетот „Апостол Павле“.

You May Also Like