Утре (16 септември, понеделник) со почеток во 11:00 во аулата на Економскиот факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на свечен начин и со поделба на индексите ке биде означен почетокот на новата учебна година за генерацијата студенти запишани 2013/2014.
Во рамки на овој настан свое обраќање ќе имаат Деканот проф. д-р Љубомир Дракулевски, се очекува обраќање на претставник од Ректоратот, претставник од Владата на Р.Македонија, претставник од Стопанската комора на Македонија како и претставници од Студентскиот парламент и АИЕСЕК.
По свечениот дел, следи забавен дел на просторот позади бифето „Библиотека“ на Економскиот факултет-Скопје.