Празничен сообраќаен режим во центарот на Скопје

Поради празнување на Велигденските празници во текот на 04.05.2013 година (сабота) од 20:00 часот, до завршување на манифестацијата наредниот ден 05.05.2012 година (недела), ќе биде забрането одвивањето на сообраќајот на дел од булеварот „Партизански одреди“ од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ до крстосницата со булевар „ВМРО“, како и дел од булеварот „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со булеварот „Илинден“ до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“.

 

 

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насока запад (кон Карпош), ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве сообраќајници:

–    ул. „Димитрие Чуповски“;
–    ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“;
–    ул. „Франклин Рузвелт“;

Автобусите на јавниот градски сообраќај, што се движат по булеварот „Партизански одреди“ во насоката исток, ќе бидат пренасочени и ќе се движат по следниве сообраќајници:

–    ул. „Франклин Рузвелт“;
–    ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“;
–    ул. „Димитрија Чуповски“;
–    ул. „11 Октомври“;

притоа вклучувајќи се на постојните траси на автобуските линии и користејќи ги постојните автобуски стојалишта.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај.

You May Also Like