Почнува снимањето на „Три дена во септември“

„Три дена во дептември“ е дебитантски игран филм на режисерот од новата генерација Даријан Пејовски, кој заедно со Игор Иванов го напишаа сценариото по кое ќе биде снимен филмот. Пејовски претходно има потпишано неколку краткометражни филмови, кои го откриваат неговиот талент и специфичен авторски израз.

Tri Dena vo Septemvri_poster

 

Развојот на проектот, Скопје Филм Студио го започна пред неколку години, а на минатогодишниот конкурс на Агенцијата за Филм на РМ (тогаш Филсмки Фонд на РМ) од комисијата беше препознаен како проект од нацинален интерес и беа одобрени средства за негова продукција. Преку Иконе Студио, партнер продуцент од Косово, Три Дена во Септември беше пријавен на пролетниот конкурс на Косовскиот Филмски Центар, од каде беа одобрени средства за ко-продукција. Како дебитантски, проектот располага со многу низок буџет, па за продукцијата е предизвик да го реализира со средствата со кои располага.

Екипата е составена од признаени автори и искусни професионалци, а исто така и млади, но посветени филмаџии од Македонија и Косово, што ни дава право да веруваме во успешна реализација и да се надеваме дека ќе произведеме добар филм.

На 22-ри септември, понеделник ќе биде удрена првата клапа, на Железничката станица Драчево, а филмот ќе биде снимен на локации во Преспа, Јасен и Скопје.

ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ

Три Дена во Септември, замислен како психолошки трилер, е пред се студија на два карактери кои преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Главните локови, Јана и Марика се запознаваат во воз и за необично кратко време се зближуваат. Одат заедно на село, во изолиран планински крај кој крие случувања од минатото на Јана. Времето минува бавно и тензично, а сомнежот за нивните вистински намери е се посилен. Една по една, тајните се откриваат. Двете жени немаат друг излез освен да си помогнат секоја од нив да ја оствари својата вистинска цел.

Ова е филм за одмаздата, за тајните што ги носиме и улогите кои ги играме.

УЛОГИ:

Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Салаетин Билал, Милица Стојанова, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Кријезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи.

You May Also Like