Денеска (сабота 24 август) во рамките на 52-то издание на Струшките вечери на поезијата, во катедралниот храм св. Софија во Охрид, ќе се одржи поетскиот портрет на поетот-лауреат, а мексиканскиот поет, романсиер, преведувач и критичар Хосе Емилио Пачеко, кој е добитник на „Златниот венец“ за 2013 година.
Со свој музички настап ќе се претстават нашите музички уметници Марјан Јанкоски и членовите на музички состав „Портал“. Покрај Јанкоски кој ќе свири на кавал и кој се јавува како автор на музиката за овој состав, ќе учествуваат и Ангеле Михајловски на пијано, Сашко Петрев на тамбура и Стојанче Наумовски на виолончело.
Поетскиот портрет на лауреатот ќе биде во живо пренесуван од страна на Македонската телевизија.