Вечерва (понеделник, 12 август) во 20.00 часот во Концертната сала на Завод и музеј ќе се одржи концерт на класична музика со Татјана Божиновска и Билјана Димовска.
Концертот е насловен „Популарни звуци на пијано“, а содржи обработки на популарни балетски и оперски дела за дуо пијано.
Дуото пијано во состав Билјана Димовска-Татјана Божиновска делува повеќе години, и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“ – Битола, „Битфест“ – Битола, „Златна лира“ – Скопје и.т.н.