По повод големиот македонски државен празник 2 Август во кој се одбележува 70-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 111-годишнината од Илинденското востание делегации на Градот Скопје утре (сабота,2 август 2014 година) ќе положат цвеќиња.
Цвеќе ќе биде положено пред споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ во 10 часот; пред споменикот на Никола Карев, пред Собранието на Република Македонија во 10:10 часот; и пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во 10:25 часот.