Денес (1 јули, понеделник) во малата сала во Центарот за култура во 10:00 часот во рамките на „Поетски синтези“ – поетскиот фестивал ќе се одржи симпозиум на тема: „Влијанието на поезијата врз современото“.
Дел од симпозиумот е и претставувањето на поезијата на Златко Крамариќ и неговата работа врз промоцијата на македонската поезија и литература во Република Хрватска. Тема на симпозиумот е „Влијанието на поезијата врз современото“, а модератор е Венко Андоновски.
Во исто време, од 10:00 часот во Културниот центар Магаза во организација на Здружението на граѓани Македонија Together ќе биде отворена „Калеидоскоп“ – работилница за стрип.