Поетска вечер со Никола Маџиров во Битола

Денеска (среда, 7 август) во 21:00 часот во Културниот центар Магаза во Битола ќе се одржи поетска вечер „Сенките не’ одминуваат“ со еден од најпознатите македонски поети Никола Маџиров.

nikola madzirov

Никола Маџиров е еден од најценетите поети на денешницата, многупати наградуван во земјава и надвор. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Учество ќе земат и актерите Митко С. Апостоловски и Верица Недеска Трајкова.

You May Also Like