Деновиве во издание на Нишкиот културен центар , излезе од печат книгата избрани песни од истакнатиот македонски поет Тодор Чаловски под наслов “Овде све мора да личи на мене” ( “Овде сė мора да личи на мене”) која во антологиската едиција “Рамонда сербика” ја преведе и препеа познатиот српски поет и препејувач Душко Новаковиќ.
Уредник на едицијата е српскиот поет, есеист и критичар Зоран Пешиќ-Сигма.
Книгата донесува рамно деведесет песни од богатото поетско творештво на Чаловски. Поeзијата на Чаловски e преведена и препеана на повеќе светски јазици меѓу кои англиски, германски, француски, шведски, романски, албански, влашки и на многу други вклучувајки ина есперанто.Песни од овој наш автор до сега биле претсавени и во поголем број на антологии и други одделни и заеднички презентации на над двасет јазични публикувања кај нас и во странство.
На крајот од книгата поместена е и исцрпна био-библиографска белешка за Чаловски како и за авторот на препевод на српски јазик. Се очекува книгата оваа есен да биде промовирана во Белград, Ниш и во Скопје, а ова лето ќе биде претставена и на деветнаесетата Галичка книжевна колонија.