Повик за локалната стратегија за средно образование

Секторот за образование на Град Скопје во соработка со „ИДЕЈА О.К“. ДООЕЛ-Скопје изработи нацрт-документ „Локална стратегија за развој на средното образование 2012 – 2016 година“.

ilinden upisi sredno 1

За таа цел ги покануваат сите заинтересирани страни (физички и правни лица) да учествуваат на јавна расправа за нацрт-документот „Локална стратегија за развој на средното образование 2012 – 2016 година“, што ќе се одржи на 12.09.2013 година (четврток) со почеток во 10 часот во просториите на Градот Скопје, Големата сала на Советот на Град Скопје (барака бр. 13).

Заинтересираните лица може да се пријават и да го потврдат своето учество во Секторот за образование на Град Скопје, на следниве телефонски броеви:
02 3297-317, 3297- 318 и 3297-319.

Контакт лице од Секторот за образование е Маја Талеска.

You May Also Like