Планински велосипедски маратон „Плачковица 2013“

Велосипедски маратон во организација на Велосипедската федерација на Mакедонија, општина Радовиш и велосипедскиот клуб „СВИОК“ кој ќе се одржи утре (недела, 4 август) на планината Плачковица.

plackovica velosipedizam karas4training.com
фото: karas4training.com

Пријавувањето и земањето бројки е од 09:10 мин до 10:33 мин, додека стартот на планинската трка ќе биде во 10:50 минути. Во текот на возењето ќе има 2 контролни точки со овошје и нешто за освежување ,и се разбира вода,а за крај ручек за сите учесници.

Право на учество имаат сите љубители на велосипедизмот, а помладите од 18 години со дозвола од родител или старател,се разбира со технички исправен велосипед и задолжително носење на заштитна кацига. Секој учесник стартува на сопствена одговорност.

You May Also Like