Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради големиот интерес Гурманскиот викенд со пиво „Пиволенд 2013“ ќе продолжи уште еден ден, што значи дека денеска (понеделник, 16 септември 2013 година) ќе има шеста вечер на „Пиволенд“.
На сите сцени на Пиволенд ќе има разновидна музичка програма. Посетителите на главната сцена ќе можат да ги видат Ареа, Паркети, Пука Козметика (Токсикологија Мјузик), Шутка Рома Рап, Фајтинг Виндмилс и ДЈ Тина.