Тамара Тодевска, Тони Китановски, Харе Гуру бенд, ДНК, Некс Тајм, Нокаут, Тамбураши, Чалгии, Дани, Јаков Дренковски се само дел од македонските изведувачи кои ќе ја забавуваат публиката на Скопското кале, на годинашното издание на „Пиволенд“.
Како вистинско изненадување за македонската публика Пане Темов ги најавува култниот белградски рок бенд „Електрични Оргазам“, кој се очекува да ја вжешти атмосферата и да ја дигне македонската публиката на нозе. Потоа најавено е и гостувањето на хрватскиот бенд „Постолар Трипер“ кои се препознатливи по своите хип хоп-етно-ска-реге звуци и нивните атрактивни концертни настапи. Од Белград ни доаѓа и српско-келтски рок бенд „Irish Stew of Sindidun“ како и веќе добро познатиот на македонската публика Един Осмиќ или повеќе популарен како Едо Маајка од Босна.
Не се исклучени како изведувачи и нашите бугарски соседи од каде доаѓа „Викеда“, рок бенд кој е доста популарен во Бугарија и многу често се наоѓа на врв на музичките топ листи. Нивниот стил се состои од панк, ска, реге, фанк и некои традиционални бугарски народни музички елементи.
Исто така за прв пат ќе во Скопје ќе настапи грчкиот акустичен бенд „Ананас“ кои со сигурност ќе ја воодушеви публиката која сака да искуси еден различен музички стил.
Оваа година фестивалот ќе има три сцени поделени на Main stage, Cover band stage и DJ stage.