Денеска (вторник, 20 август) во 21:00 часот на Нoвата сцена во Центарот за култура во Битола ќе биде изведен визуeлно-сценскиот перформанс „Лавиринт К- Кафка“.
Учесници во проектот „Лавиринт К- Кафка“ се: Хана Миленковска (театарски режисер, координатор на проектот), Инес Ефремова – визуелен уметник, Ана Секуловска – визуелен уметник, Билјана Ангелевска – визуелен уметник и 4 професионални актери.
„Процес “ е дело кое ќе изгуби на современост во моментот кога се она што го сочинува јадрото на нашето општество, ќе исчезне. Кога ќе го нема законот и правниот систем.
Во потрага по нови медиуми за реализација на овој проект, се појави Лавиринт театарот како совршена платформа за соединување на сценска и визуелна уметност, според неговата структура и метод.
Самиот процес на работа е едно патување за тројца визуелни и петорица сценски уметници вклучени во проектот, каде секој со сопствен израз создава еден микрокосмос за на крај сите тие светови што паралелно егзистираат да се соединат во еден финален продукт.
Визуелните уметници ќе го одредуваат просторот во кој ќе се случува сценската игра со променливи инсталации кои градираат заедно со перформансот…К.е мембрана или ја има улогата на двигател на дејствието и четврт ѕид истовремено бидејќи лавиринт театарот во својата форма не содржи четврт ѕид.
Она што е клучно во овој проект е да се внесе свежина во досега видените форми преку интермедијален пристап и со тоа да се инспирираат нови тенденции на уметничката сцена кај нас.“- се вели во информацијата за проектот.