„Перси Џексон“ од утре и во Синеплекс

Авантурата „Перси Џексон: Морето на чудовиштaтa“ од утре (четврток, 15 август) ќе се прикажува и во Кината Синеплекс.

Percy Jackson - Sea of Monsters

Режија: Тор Фројдентал
Сценарио: Марк Гугенхајм, Рик Риордан
Улоги: Логан Лерман, Александра Дадарио, Брендон Т. Џексон
Времетраење: 106 мин
Земја на потекло: САД
Жанр: Авантура, фамилијарен, фантазија

Перси Џексон – Морето на Чудовиштата претставува продолжение на авантурата на младиот полубог, синот на Посејдон, кој е на епско патување, што претставува остварување на неговата судбина. Светот на боговите е на раб на пропаст. Перси со своето друштво тргнува на пат кон Морето на чудовиштата за да го спаси светот. Поминувајќи низ морето на чудовиштата кое го нема на ниту една карта (познато како Бермудски триаголник), тие се борат со застрашувчки суштества, зомбија и неверојатни зла се со цел да го оживеат нивното безбедно небо, кое полека изумира.

You May Also Like