Вчерашниот ден (сабота, 3 август) беше исполнет со неколку интересни настани кои го задржаа интересот на битолската публика.
На програмата на Бит Фест вчера вечер битолската публика можеше да ужива во неколку интересни настани. Промоција на книга, концерт на битолчаните “Паркети”, како и балканската колонија на ракотворби.
Промоција на книга„ Девојката со сонце во очите“ од Ана Жежовска
Во саботата на 3 август во преполната Магаза се одржа промоцијата на книгата „Девојката со сонце во очите“ од младата битолчанка Ана Жежовска на која оваа и е втора книга. Промоцијата на книгата беше збогатена со проекција на филм како и со рок концерт насловен Битола е мој град. Настанот го организираше ЗГ-Македонија Тогетхер.
Концерт на „Паркети“
Во саботата на 3 август, во старата битолска чаршија се одржа концертот на битолската група Паркети. Во рамките на концертот беше промовиран и видео материјал. Концертот се одржа на истото место каде што Паркети во 1992 година го одржаа својот прв концерт.
Прва балканска колонија на ракотворби
Во саботата на 3 август започна Првата балканска колонија на ракотворби во организација на ЗГ- Астерион Галери. Колонијата се одржа во Дворот на Дом на АРМ Битола а во рамките на истата изложуваа ракотворци од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција и Македонија (од Куманово,Прилеп, Охрид, Струмица, Скопје и Битола).
Посетителите уживаа гледајќи: рачно ткаени марами, предмети од глина, кожа, дрво , украсна хартија и оригами, украсни кутии и маски, корпи за секојднева употреба, сувенири…
На отворањето на колонијата беше претставено оригиналното дело на Мирјанка Илиевска, вработена во Технички Факултет – Битола, создадено од целофанки од бонбони. Во делото има 67 илјади парчиња целофанки.
За време на одржувањето на „Прва Балканска Колонија на Ракотворци“ се одвиваат и креативни работилници за лица со хендикеп.