Падна и првата 50 илјадарка во 7ма брзина

Расте бројот на добитници во најпопуларната Инстант лотарија во моментов, 7ма Брзина. По првите добитници на премијата Голф7 и 100 илјади денари, добиен е и првиот добитник на премијата 50 илјади денари од оваа игра на среќа. Маринковски Мирослав од Тетово е најновиот среќен играч со добивка.

lotarija - Dobitnik na 50 iljadi

Мирослав е редовен играч на игрите од инстант лотаријата на Државната лотарија на Македонија. Својата 7ма Брзина среќна грепка ја купил во продажното место Бартон во Тетово. Лозот го игребал веднаш и со радост ја забележал стрелката која му ја покажала убавата парична премија од 50.000,00 денари.

Инстант лотариите се убав начин за забава на сите играчи на среќа во кои за мала сума пари, играчите имаат бројни можности за парични или стокови добивки. Само за потсетување, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.

lotarija - Sreknata grepka

Досега има вкупно по еден добитник во трите најинтересни категории премии од оваа игра, еден Голф 7, 100 илјади и 50 илјади. Во игра се уште по девет во овие три категории од 7ма Брзина , како и останатите помали парични премии. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

За добро,
Државна Лотарија на Македонија

(комерцијален текст)

You May Also Like