Отворен првиот “Битола Шекспир фестивал”

Со громогласен аплауз и овации синоќа (петок, 19 јули) беа поздравени актерите во претставата „Ромео и Јулија“ во режија на Дејан Пројковски, копродукција помеѓу Вера Комирсажевскаја од Санкт Петербург и Народниот театар од Битола, со што свечено беше отворено првото издание на „Битола Шекспир фестивал“.

shakespeare festival otvoranje5

На отворањето во преполниот салон на Центарот за култура во Битола пред присутните се обратија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Велат дека одбележувањето на јубилеите и чувството да се биде сведок на континуитетот на настаните и времето претставува најголемо задоволство. Но, верувам дека ќе се согласите со мене дека можноста да се биде дел од раѓањето на една нова традиција е најголема привилегија за сите нас, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа додаде дека со Битола Шекспир фестивал, Република Македонија се впишува на мапата на вербалното и сценско богатство на Шекспир, кое одново и одново се разоткрива.

shakespeare festival otvoranje7

Градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески манифестацијата ја оцени како моќна, силна и исклучителна и потенцираше дека Битола Шекспир фестивал ќе придонесе за уште поголема афирмација на културата.

Директорот на Народниот театар од Битола, Валентин Светозарев во своето кратко обраќање пред присутните им се заблагодари на Министерството за култура и општина Битола за големото чувство кое го имаат за поддршката за вистинските вредности во културата.

На програмата на Битола Шекспир фестивал вечерва во 21 часот на сцената на Народниот театар во Битола (поради временските услови нема да биде одржана во Хераклеја како што беше најавено) е претставата Хенри 6, прв дел во режија на Никита Миливојевиќ, а во изведба на Националниот театар од Белград, додека утревечер на малата сцена во НТ Битола во 20 часот ќе биде изведена претставата Кралот Лир, адаптација на Нина Салинен и Катја Крон од Финска.

shakespeare festival otvoranje4

shakespeare festival otvoranje3

shakespeare festival otvoranje2

shakespeare festival otvoranje1

romeo_i_julija_dejan_projkovski

You May Also Like