Отворена нова просторија во ПОУ „Златан Сремац“

Вчера (24 септември 2014 година, среда) свечено беше пуштена во употреба новата просторија за дневен престој во Посебното основно училиште „д-р Златан Сремац“ – Скопје.

nova_prostorija_vo_pou_zlatan_sremac2

 

Оваа просторија беше реконструирана и пренаменета со средствата собрани од четвртиот Меѓународен добротворен базар 2014, кој се одржа на 7 јуни годинава. Меѓународниот добротворен базар 2014 беше организиран по повод 1 јуни – Меѓународниот ден за заштита на детето и истиот беше организиран од „Добредојде“ – Македонија Велкам Центар („Dobredojde“ Macedonia Welcome Center – DMWC), а годинава за првпат беше поддржан од Градот Скопје.

Во рамките на на четвртиот Меѓународен добротворен базар 2014 на просторот во Градскиот трговски центар повеќе амбасади и странски претставништва на штандови продаваат ракотворби и производи карактеристични за нивните држави. Во рамките на оваа манифестација беа собрани 172.000 денари, средства кои беа искористени за реконструкцијата и пренамената на новата просторија за дневен престој во ПОУ „д-р Златан Сремац“ – Скопје “.

На пуштањето во употреба на оваа просторија пред присустните се обратија Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадор на Република Србија во РМ и почесен претседател на од 4-от DMWC Меѓународен добротворен базар 2014, Мери Стојкова, директор на ПОУ „д-р Златан Сремац“ и Емилија Миладинова-Аврамчева, претседател на „Добредојде“ – Македонија Велкам Центар кои се заблагодарија на сите лица инволвирани во реализацијата на овој проект за нивниот ангажман и поддршка.

Пуштањето во употреба новата просторија за дневен престој беше проследено со настап на децата од ПОУ „д-р Златан Сремац“, а потоа на децата им беа поделени пакетчиња, подарок од Американската стопанска комора во Македонија.

You May Also Like