Во кино салата при НУ „Центар за култура“ во Крива Паланка синоќа (недела, 15 септември)започна 5-иот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
Фестивалот за отворен го прогласи кривопаланечкиот градоначалник Арсенчо Алексовски, а прв настапи Драмскиот театар од Скопје со претставата „Грев или шприцер“ од авторот Сашко Насев во режија на Дејан Дамјановски.
Во осумтте фестивалски денови ќе настапат осум театри од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и домаќинот Македонија, при што ќе продефилираат 46 актери.
Меѓународниот театарски фестивал се организира во рамки на манифестацијата „Крива Паланка- град на културата 2013“.