Отворен ден на постдипломските студии на ИОХН-С

Институтот за општествени и хуманистички науки- Скопје, денеска (четврток, 22 август) со почеток во 19:30 часот организира „Јавно предавање и отворен ден на постдипломските студии“.

 

ISSH-S_logo

Истиот ден е закажано и предавањето на м-р. Артан Садику (дел од редовниот професорски кадар на ИОХН-С) на тема „Подемот на неонацизмот во Европа: Тлото на етичката идеологија и симулакрумот на револуционерните политики“

Предавањето ќе се осврне на најновите појави на различни форми на неонацистичката и неофашистичката идеологија во политичката динамика во Европа која соодветствува со кризата произведена од капитализмот. Предавањето ќе се обиде да даде одговор на прашањето дали овие политики на терор се просто навраќање на нацистичката и фашистичката идеологија на 20-от век или пак претставуваат дисперзирани, хетерогени, автентични и автономни политички појави.

Предавањето ќе се потруди да елаборора како пост-воената политика на етичката идеологија на Европа, заснована на јудео-христијанското влијание врз просветителското наследство, преку референцата на универзалноста на човеовите права (Кант) и вреднувањето на различноста и другоста (Левинас), не може адекватно да ги адресира политиките на терор кои по формата на нивната појава ги поседуваат сите формални елементи на револуцинерни политики.

По предавањето на м-р Артан Садику ќе следува кратка презентација на двете студиски програми кој ги нуди Институтот. Можност одблизу да се запознаете со условите и предностите на студирање во ИОХН-С, како и можност за непосредна средба со професорките и професорите дел од редовниот професорски кадар на Институтот кој ќе ви запознаат со нивниот стил на работа како и со меѓународно реномираните имиња што ќе гостуваат на нивните часови.

Настанот ќе се одржи во просториите на Институтот на ул. „20-ти октомври“ бр.8, 2 кат, 1000 Скопје (мапа за полесно да не најдете:http://tinyurl.com/kdb6p7e)

————
Артан Садику е активист и докторант по филозофија, а негови примарни научни интереси се критичата теорија, филозофијата, теориите на културата, феминизмот, радикалните и алтернативни културни и политички пракси и уметноста. Работи во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје како истражувач и предавач на одделот за родови студии и студии на културата и активно делува во Левичарското Движење Солидарност и Културниот Клуб Синдиката. Студирал меѓународно право и политички науки во универзитетите во Минхен, Балтимор, Осло и Амстердам а моментално работи на тезата за возможноста на ново поле во политичкото во оддалеченост од државата и формалната политика. Пишува колумни за Утрински Весник, Нова Макеоднија и Коха, во кои се залага за преку-етнични форми на политичко идентификување и мобилизирање во Македонија, за градење на култура на отпор кон неолибералните трендови во економијата, политиката и културата. Негови понови трудови објавени во меѓународни сипсанија и журнали се: ‘Провокација за краен отпор на вистината. Етика на еден еретички дскурс’ и ‘Договарање на радикална демократија за Балканот’.

You May Also Like