Отворена спомен-соба за Васил Хаџиманов во Кавадарци

Денеска (сабота, 14 септември) во Музејот на Кавадарци беше отворена спомен-соба на познатиот етномузиколог, мелограф, а по професија фармацевт, Васил Хаџиманов.

soba_vasil_hadzimanov_kavadarci

Во спомен собата покрај пијаното на кое творел, се наоѓаат неколку тамбури, прим, лаута или ут, зурли, дајре, гусла, шупелки, теренски магнетофон „филипс“ и машина за пишување на која ги запишувал Васил песните.

Хаџиманов во својот 63 годишен живот успеал да собере околу 8000 македонски народни песни кои до ден денешен се сочувани од заборав.
На отворањето за неговото значење на Хаџиманов говореше директорот на музејот Петре Камчевски,  како и неговиот син, познатиот пејач Зафир Хаџиманов.

You May Also Like